Нервоза во Јунајтед: Не ни се допаѓаат новите дресови!

Фотографиите со новите дресови на Јунајтед предизвикаа бурни реакции кај навивачите.

Новите, розеви дресови на Манчестер, треба да се користат наредната сезона, барем така беше објавено на социјалните мрежи.

Како и да е, навивачите се „истурија“ од коментари на Твитер и испратија голем број критики кон управата на „ѓаволите“.