Алчното семејство на Нејмар со уцена до ПСЖ: Или ќе добиеме повеќе пари или заминуваме!

Бразилскиот фудбалер Нејмар пристигна летоска во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, но постои можност да замине на крајот на сезоната.

ПСЖ наводно ја кажала цената за него и таа изнесува неверојатни 400 милиони евра, сума која ретко кој може да ја плати.

Меѓутоа, постои можност и да остане Нејмар, но за тоа ќе мора да се потруди ПСЖ, односно да му даде плата од 1,1 милион евра неделно.