Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп изјави дека Пол Погба не е среќен во Манчестер Јунајтед и дека ќе му пружи помош со тоа што ќе разговара со него.
Дешамп истакна дека од Погба ќе бара настаните од клубот да останат на страна и да се фокусира комплетно на репрезентацијата.
„Имам многу дискусии со играчите и се трудам да знам како се чувствуваат. Тоа е голем дел од мојата работа, да имам индивидуални и тимски дискусии. Очигледно ова не е ситуација во која Погба ужива, а тоа не го прави среќен“ –коментираше Дешамп.
Погба има значителен пад во формата и ни од далеку не ги оправдува очекувањата поради кои беше донесен во клубот.