„Целата приказна околу Нејмар е медиумска игра“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако шпекулациите за заминувањето на Нејмар од ПСЖ се актуелни, тој нема да го напушти Париз, барем така тврди Хавиер Пасторе.

Според шпекулациите Нејмар не бил среќен во Лига 1, но Пасторе тврди дека ситуацијата е поинаква.

„Кога пристигна Нејмар, имаше многу ентузијазам, иако клубот не е Барселона и не е исто да се игра во Шпанија и Франција. Целата приказна за заминувањето е медиумска игра и ништо повеќе од тоа“, вели Пасторе.