Саутемптон ќе пазари во Барселона доколку остане во Премиер лигата


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Од редовите на Саутемптон ќе тргнат по услугите на Пако Алаксер од тимот на Барселона. Шпанскиот напаѓач не е прв избор на „Ноу Камп“ па затоа лесно би можело клубовите да дојдат до договор.

Сепак, трансферот ќе се реализира само ако Марк Хјуз успее да обезбеди опстанок со „светците“ кои во моментов се наоѓаат на 18. позиција на првенствената табела и до крај ќе водат жестока битка за опстанок.

Алкасер во 2016 година пристигна во Барселона од редовите на Валенсија за сума од 30 милиони фунти, но не успеа да се наметне како регуларен првотимец. Оваа сезона Шпанецот настапи на 16 натпревари на кои постигна само шест погодоци.