Ибрахимовиќ: Го сакам Мурињо, но тој ми рече дека има еден проблем со мене

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ многу брзо стана миленик на фановите на Лос Анџелес Галакси по неговото неверојатно деби за клубот.

Сега веќе поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед се осврна и на соработката со Жозе Мурињо. Ибра во Јунајтед помина една и пол година, а да не беше повредата на коленото сигурно многу повеќе ќе му помогнеше на клубот и оваа сезона.

„Го сакам Мурињо. Тој е специјален .Сака да победува. Каде и да одеше, освојуваше трофеи. Ми направи да се чувствувам комотно, но ми даваше и многу одговорности. Ми рече дека единствен проблем со мене е кога треба да ме одмара“ –коментираше Ибрахимовиќ за ЕСПН.

Ибра се осврна и на играта на Јунајтед оваа сезона која ја прокоментира како добра, а за минатата шведскиот напаѓач истакна дека била одлична затоа што клубот освоил три трофеи.