ПСЖ и Монако во битка за играч на Вотфорд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишуват медиумите во Англија, гигантите од Франција, ПСЖ и Монако ќе се обидат во своите редови да го донесат играчот на Вотфорд, Ричарлисон.

Талентираниот 20 годишен фудбалер пристигна на „Викариџ“ минатото лето од редовите на Флуминенсе за 11 милиони фунти и брзо прерасна во најдобар играч на клубот.

Одличните настапи во Премиер лигата го препорачаа на многу клубови, а освен ПСЖ и Монако за него интерес има и од Челси и Арсенал.