„Нема што не пишуваат, но се знае судбината на Бејл“

Агентот на фудбалерот од Велс вели дека медиумите постојано пишуваат за идната дестинација на Герет Бејл.

Меѓутоа, тој тврди дека не е вистинска ниту една шпекулација на медиумите.

„Бејл го сака Реал Мадрид и му се допаѓа клубот и градот. Сите шпекулации за неговото заминување доаѓаат од луѓето кои пишуваат за него, но тоа не е вистина“, вели агентот.