Фудбалер на Тотенхем на радарот на Јувентус

Медиумите во Англија пишуваат дека Јувентус ја следи ситуацијата околу Муса Дембеле во Тотенхем.

Договорот на белгискиот интернационалец истекува на крајот на следната сезона, а Дембеле изјавил дека за продолжување на соработката со Тотенхем ќе размислува дури по завршувањето на Светското првенство.

30 годишниот фудбалер игра одлично во дресот на „петлите“ и со право го привлекува вниманието на многу европски екипи меѓу кои најзаинтересирани се од Јувентус.