ПСЖ му ги мрси сметките на Реал Мадрид

Францускиот „Л’Екип“ пренесува дека од редовите на Пари Сен Жермен се сериозно заинтересирани за услугите на Роберт Левандовски.

За Полјакот веќе долго време се интересира Реал Мадрид, а во медиумите излегоа шпекулации дека работата за негова преселба на „Бернабе“ е речиси готова.

Сепак, од денес има нов момент откако ПСЖ и официјално се решил Левандовски да го наследи Кавани кој си заминува по крајот од оваа сезона.

Каде ќе заврши одличниот напаѓач ова лето останува да видиме, едно е сигурно, тој нема да остане во Баерн Минхен.