Претседателот на Рома ќе даде 230.000 евра поради тоа што скокна во фонтана

Претседателот на Рома, Џејмс Палота на необичен начин ја прослави големата победа против Барселона.

Тој се извини поради својата постапка, а потоа кажа дека ќе плати казна од 500 евра, но и ќе донира на градот сума од 230.000 евра, за да се реновира фонтаната.

„Му се заблагодаруваме на претседателот Палота за дарежливоста, по неговиот вчерашен скок“, кажа градоначалникот на Рим, Вирџини Раџи.