Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Иако е јасно дека Реал сака да го продаде, Бејл поставува услови, поради тоа што има договор до 2020. година, а исто така заработува 15 милиони евра по сезона.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сакаше да го понуди Бејл и пари за Мохамед Салах, но Ливерпул сигурно нема да се согласи на нешто такво.
Фудбалерот од Велс не сака да игра во ПСЖ, односно во француската Лига 1, а тешко дека ќе прифати да се пресели во Интер.
Како единствена опција останува Манчестер јунајтед, но очигледно и тие не се повеќе заинтересирани како што беа пред некој месец. Па не треба никој да го чуди ако Бејл на крајот остане во „кралскиот клуб“.