Лекарска грешка ќе оставеше француски кошаркар без нозе!

Францускиот кошаркар Лео Вестерман за малку ќе останеше без нозе поради лекарска грешка.

Членот на ЦСКА Москва завршил во болница, откако му се скинала артерија на ногата, а лекарите тоа не го забележале и Французинот можел да остане без нозе.

„Докторите не направија добра дијагноза. Чувствував голема болка и наредното утро бев на операција. Докторот, кој ме оперираше кажа дека сум можел да завршам без нозе“, кажа кошаркарот.