Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Челси победи на гостувањето кај Барнли во Премиерлигата и освои важни три бодови во борбата за место кое води во Лигата на шампиони наредната сезона.
Челси стигна до водство во 20. минута од средбата по автоголот на Кевин Лонг, а иако продолжи со притисокот во првиот дел, не постигна и втор гол.
Барнс го израмни резултатот во 64. минута, но Мозес веднаш потоа го донесе Челси во водство од 1-2. На крајот тоа ќе се покаже и како конечен резултат.