До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Искусниот фудбалер Јаја Туре по скоро осум години ќе ја заврши својата авантура во Манчестер сити, а тоа го потврид тренерот Пеп Гвардиола.
Туре во Манчестер сити стигна во 2010. година од Барселона за 27 милиони евра, а договорот кој му завршува за два месеци нема да биде продолжен.
„Туре дојде на крајот на ова патување. Ова е местото каде што сме сега е поради него и тоа што го направи за клубот“, кажа Гвардиола.
Фудбалерот од Брегот на слоновата коска со „граѓаните“ освои две титули во Премиерлигата и одигра 229 натпревари во Премиерлигата.













