Нема потреба за паника: Здравствената состојба на Фергусон по опeрацијата е стабилна!


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон, вчеравечер беше опериран.

Фергусон имал мозочен удар, по што морало да интервенираат лекарите и со операција ја вратиле неговата здравствена состојба во нормала.

„Операцијата поминала добро, но на Фергусон сега му е потребен период на интензивна нега за да оздрави“, соопштуваат докторите.

Поради цела ситуација, се огласија од Манчестер јунајтед, како и од семејството на Фергусон, па бараат да се почитува нивната приватност.