Откриено зошто Жиру по голот отиде да го прегрне Луиз!


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Фудбалерите на Челси вчера во дербито од 37. коло во англиската Премиерлига на домашен терен го победија Ливерпул со 1-0.

Решавачкиот момент се случи во 32. минута кога Мозес асистираше одлично до Жиру, кој погоди за 1-0. Жиру потоа отиде на клупата за резерви за да го прослави голот.

„Знаев дека Мозес ќе тргне десно, откако не испрати центаршут и бев сигурен дека морам да бидам на првата статива и постигнав гол. Луиз е мој добар пријател и ми беше чест да го посветам голот на него, зашто поминува низ тежок период“, открива Жиру.