Иниеста не се сели во Кина, туку ќе игра во Јапонија


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Искусниот Шпанец потврди дека ја напушта Барселона, а се појавија информации каде би можел да ја продолжи кариерата.

Неколку клубови од Кина покажаа интерес за неговите услуги, па се претпоставуваше дека Иниеста ќе заигра таму, но очигледно нема да заигра во Кина, според најновите медиумски тврдења.

Се очекува 33-годишниот фудбалер да потпише тригодишен договор со јапонскиот клуб Висел Кобе, а таму би требало да соработува со поранешниот германски репрезентативец Лукас Подолски.