„Зошто сите пишувате твитови како да умрел Фергусон?“


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Легендарниот Сер Алекс Фергусон пред три ноќи е опериран по мозочен удар, а неговата состојба е во моментов стабилна, иако беше во опасност да го загуби животот.

Меѓутоа, некои приметија дека Патрис Евра не беше меѓу фудбалерите и пријателите кои му посакаа побрзо оздравување на Фергусон преку Твитер, но тој им одговори во стил на критичарите.

„Прочитав многу твитови како да е мртов Фергусон, но тој е борец. Луѓето ме прашуваат зошто не сум посветил твит на него, но зошто би го направил тоа? Еден сум од среќниците кои го имаат неговиот телефонски број и нема потреба јавно да пишувам било што“, напиша Евра.