Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека Ентони Марсијал ќе замине од Јунајтед, а Мурињо сакаше да го продаде на Челси и притоа да го добие Вилијан, но од Лондон стигна негативен одговор.
Младиот Французин сака да го напушти Манчестер, а како опции се споменуваа Арсенал и Тотнем, но очигледно подобра опција е да биде продаден надвор од Премиерлигата.
Како опции остануваат Јувентус и Баерн за кои не е проблем да платат 60 милиони евра, колку што претходно „црвените ѓаволи“ го платија Французинот.















