Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сезоната во европските лиги полека влегува во самата завршница, а завесата ќе се спушти на спектаклот во Киев, каде што Реал Мадрид и Ливерпул ќе играат во финалето на Лигата на Шампионите.
Зинедин Зидан и Реал имаат сезона за заборав, кога е во прашање натпреварувањето во Ла Лига, но успеаа се да спасат со пласманот во финалето на Лигата на Шампионите.
Двократниот шампион е на пат да ја одбрани титулата, но како противник го имаат незгодниот Ливерпул.
Реал Мадрид веќе размислува за наредната сезона, а шпекулациите за наводни трансферти на играчи во овој клуб постојано има.
Овој пат на мета на шпанските медиуми се најде Лукас Васкез, за кој многумина тврдат дека тој ќе го промени клубот ова лето.
Дарио Гол објави дека Зидан не е баш задоволен од овој играч, иако Васкез имаше навистина доста прилики за игра.
Наводно тој е свесен дека не може лесно да избори место во првиот тим, па одлучил среќата да ја побара во некој друг клуб.
Како што пишуваат медиумите, Лукас веќе им открил на своите соиграчи дека ќе го напушти кралскиот клуб на крајот од оваа сезона, а наводно открил дека веќе се договорил со Манчестер Јунајтед.
Тој со Реал има договор до летото 2021 година и ќе биде занимливо дали од летото ќе стане член на Црвените Ѓаволи.