Салах ќе постел и на денот на Лигата на шампиони

Египќанецот Мохамед Салах кажа дека нема намера да го прекинува постот на денот на играњето на Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул е познат по тоа што ја почитува својата вера. А тоа ќе го направи и на денот на финалето во Киев.

„Дефинитивно ќе постам, сите 30 дена. Сите овие успеси кои ги постигнувам ми се со помош на Алах“, вели Салах.