Италијанецот не оди во пензија: Буфон потпишува договор на четири години!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон би требало да потпише договор со ПСЖ на четири години, а таму ќе заработува по осум милиони евра по сезона.

Ова звучи неверојатно, но зад целата работа се крие маркетинг и малку има врска со фудбалот.

Планот на Катар е најдобриот голман да биде еден од амбасадорите на Мундијалот.

Италијанецот уште не ја соопштил својата одлука, но постои голема можност да потпише договор со ПСЖ, во кој две години ќе брани, а наредните две ќе биде тренер.