Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос се најде на удар на јавноста, откако во финалето на Лигата на шампиони го повреди Мохамед Салах.
Египќанецот мораше да го напушти натпреварот по половина час поради повреда. Салах и Рамос беа во дуел, а капитенот на Реал Мадрид го фати неговото рамо и преку вечер стана најомразена личност во светот на фудбалот.
Сепак, ова не е првпат да се обиде да направи такво нешто. Рамос на сличен начин се обидел да го повреди Даниел Алавеш лани против Јувентус.















