Икарди ќе замине во Англија, но само под еден услов


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди летово најверојатно ќе биде најбараниот напаѓач во светот. По одличната сезона во дресот на „нераѕурите“, интерес за фантастичниот Аргентинецот има кај многу гиганти.

„Кориеро дело Спорт“ пишува дека Икарди најверојатно ќе се пресели во Челси, кој е подготвен да плати 110 милиони евра за неговиот потпис.

Сепак, Икарди ќе се пресели во Лондон, само ако Маурицио Сари го преземе тимот од „Стемфорд бриџ“. Италијанскиот тренер веќе со денови е во преговори со управата на „сините“ и одлука за негов ангажман ќе биде донесена многу брзо.