Буфон одлучил да ја продолжи кариерата во европски гигант


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Уште не е официјално, но ќе биде во наредните часови. Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон ќе ја продолжи кариерата во ПСЖ.

По 17 години поминати во Јувентус, Италијанецот замина, а иако се веруваше дека ќе оди во пензија, на крајот тоа нема да се случи.

Медиумите пишуваат дека Буфон во наредните две сезони ќе го брани голот на ПСЖ. Сите услови биле договорени, а се очекува и официјална потврда, како и потпис на двегодишен договор вреден – 16 милиони евра.