Манчестер сити ќе купува три засилувања летово!?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Пеп Гвардиола на крајот на сезоната кажа дека ќе купи еден или двајца фудбалери, а дека за тоа мора да разговара со управата.

Сепак, тоа нема да се случи, односно Гвардиола ќе купи дури три фудбалери. Преговорите со Жоржињо се завршени, а блиску до договорот „граѓаните“ се со Ријад Марез.

Сепак, тренерот на Сити сака да купи и десен бек. Наводно, Интер нема доволно пари да го купи Жоао Кансело од Валенсија, па токму „граѓаните“ ќе се обидат да го ангажираат.