Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Белгиецот Винсент Компани ќе има прегледи поради повреда, која ја доби во пријателскиот меч против Португалија.
Натпреварот во Брисел заврши без голови, а капитенот на Манчестер сити го напушти теренот по десет минути игра во вториот дел.
„Почуствува непријатност и тоа мора да го провериме. На Компани му е потребен одмор. Навистина сум загрижен за него“, вели селекторот Роберто Мартинез.
Прегледите ќе бидат направени денеска, по што ќе биде познато дали Компани ќе игра на Мундијалот.