Монако донесе талент од Андерлехт


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Монако потврдија дека потпишале договор со Елиот Матазо, 16 годишен екстра талент од Андерлехт.

Младиот Матазо следната сезона ќе настапува во младинскиот погон на Монако, но се очекува да добие шанса да тренира со првиот тим.

За потписот на Мацао се бореа неколку големи клубови, меѓу кои Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, но францускиот Монако успеа да ги обезбеди услугите на еден од најталентираните играчи во својата генерација.