Неколку Премиерлигашки тимови го посакуваат Вилшер

„Скај Спортс“ дознава дека неколку клубови од Премиер лигата ја очекуваат разврската околу новиот договор на Џек Вилшер со Арсенал.

Англичанецот сака повеќе првотимски фудбал, а најверојатно Емери не може да му го вети тоа, па затоа ги разгледува можностите и за заминување од клубот.

Актуелниот договор на играчот од средниот ред со Арсенал истекува на 1. јули, а за него интерес има од Евертон, Вест Хем, а се споменува и неверојатен трансфер во Манчестер Јунајтед.