Главоболки за Англичаните: Една од најголемите ѕвезди го пропушта наредниот натпревар!?

Една од најголемите ѕвезди на Англија, Деле Али се повреди во мечот против Тунис, по што мораше да го напушти натпреварот во второто полувреме, а на негово место влезе Рубен Лофтус-Чик.

Англиските медиуми пишуваат дека не се појавил утрово на тренинг на репрезентацијата и најверојатно нема да игра против Панама во недела.

Ова е голем проблем за Англија, поради тоа што Али е важен играч, а доколку не заигра против Панама, тогаш на негово место најверојатно ќе игра Лофтус-Чик.

Англија во првиот дуел го победи Тунис со 2-1, а доколку победат и против Панама, како што се очекува, тогаш би можеле да се пласираат во осминафиналето на Мундијалот во Русија.