Сампаоли се освести: Аргентина со многу промени ќе игра против Нигерија (ФОТО)

Аргентина по два натпревари има само еден освоен бод на Мундијалот во Русија. Тие лошо го отворија Светското првенство, односно ремизираа против Исланд (1-1), а потоа и беа декласирани од Хрватска со 3-0.

По катастрофалниот пораз од Хрватска, селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли одлучи да направи неколку измени во екипата.

Многу ѕвезди како Анхел Ди Марија, Пауло Дибала, Енвер Банега, Гонзало Игуаин и Лукас Билја останаа на клупата за мечот со Хрватска и сега Сампаоли ќе се обиде да смести некој од нив во првиот тим, кој ќе мора да ја победи Нигерија во третото коло од групната фаза.