Талентиран фудбалер на Барселона замина во Франција!

Иако сме навикнати Монако да продава фудбалери, сепак тие одлучија да ангажираат еден млад фудбалер.

Денеска Монако ја потврди соработката со Роберт Наваро, 16-годишниот играч за врска, кој доаѓа од Барселона.

Тој најверојатно ќе почне да игра со јуниорите, но Монако е познат по тоа што ангажира големи таленти, па се очекува да тргне по стапките на Килијан Мбапе.