Гвардиола во проблеми: Барселона сака играч на Манчестер сити!?


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер сити, Илкај Гундоган, се наоѓа на листата со желби на Барселона.

Каталонците бараат замена за Андрес Иниеста, кој замина во Јапонија, а покрај Артуро од Гремио сакаат да купат и фудбалер со европско искуство.

Гундоган беше во плановите на Барселона уште додека настапуваше за Борусија, но Сити беше поконкретен и го купи за 20 милиони фунти во 2016. година.

Барселона доколку сака да го купи ќе мора да плати барем 50 милиони фунти, но тешко може да се замисли дека репрезентативецот на Германија ќе го напушти „Етихад“ бидејќи минатата сезона одигра 48 натпревари за „граѓаните“.