Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацивецот на Белгија, Томас Вермален според Скај Спорт денеска пристигна во Рим.
Се се случи многу набрзина, Рома и Барселона го најдоа заедничкиот јазик за Вермален и трансферот би требало многу брзо да се официјализира.
Белгиецот пристигна во Рим и денеска е на лекарските прегледи, доклку ги помине како што треба следната сезона ќе го гледаме во дресот на „волчицата„ од Рим, а веројатно и не само следната.
Сеуште не е јасно дали првата сезона ќе ја помине на позајмица со право на откуп или ќе стане целосно играч на Рома, а доколку тоа се случи, цената ќе е 10-12 милиони евра.
Вермален веќе се договори со Рома околу своите примања и веројатно ќе заработува по 3 милиони евра по сезона.
Со доаѓањето на Вермален, Спалети ќе ја заклучи својата дефанзивна линија за следната сезона.