Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Вест Хем откако го потврдија трансферот на Џек Вилшер, денес објавија дека постигнале договор и со украинскиот интернационалец Андриј Јармоленко.
Напаѓачот со тимот од Лондон потпиша четиригодишен договор, а цената која „чеканите“ ја платија на Борусија Дортмунд се уште не е позната.
„Пресреќен сум што потпишав за Вест Хем. Вест Хем е голем клуб со одлични фанови и среќен сум што ќе играм во Премиер лигата која е најдобра лига во светот. Знам колку интересен проект е изградбата на ВЕст Хем. Тимот сака да постигнува големи нешта и возбуден сум поради новиот предизвик“ –коментираше Јармоленко.
По трансферот на Вилшер и Јармоленко сега се очекува „чеканите“ да го потврдат трансферот на Фелипе Андерсон од Лацио.