Изненадувачки клуб со понуда за Головин

Како што пренесува „Скај Италија“ од редовите на Монако испратиле понуда за играчот на ЦСКА Москва, Александар Головин.

За рускиот репрезентативец сериозен интерес имаше од Јувентус и Челси, па понудата од Монако доаѓа како изненадување за многумина.

Монако со понудата ставиле до знаење на  ЦСКА дека нема да чекаат многу и дека сакаат да знаат дали клубот ќе ја прифаит во следните неколку дена.

„Испративме понуда за ЦСКА за Головин. Доста убава понуда. Должината на договорот е пет години. Мислам дека транзиција во клуб како Монако е најдобра опција за него, преодна станица во неговата кариера“ –коментираше претседателот на Монако, Александр Головин.