Манчестер Сити донесе засилување од ПСЖ


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити го потврди трансферот на Клаудио Гомес кој доаѓа од редовите на ПСЖ.

Играчот од  средниот ред, кој пред два дена наполни 18 години е редовен репрезентативец на Франција во младинските категории, и ја носи капитенската лента на репрезентацијата до 18 години.

Клаудио Гомес веќе се наоѓа во САД каде екипата на Манчестер Сити ги има претсезонските подготовки. Се очекува талентираниот фудбалер да добие минутажа од Пеп Гвардиола во следните натпревари.