„Јас сум бил дебел!? Па, јас имам исто тело како тоа на Руни“

Левиот бек на Манчестер јунајтед, Лук Шо, доби критики од навивачите за преголемата тежина, но смета дека тоа е неоправдано и во моментов е ист каков што беше поранешниот соиграч Вејн Руни.

Шо поради вишокот на килограми беше критикуван уште од поранешниот тренер на Јунајтед, Луј Ван Гал, а неколку пати го направи тоа и Жозе Мурињо.

„Секако дека луѓето ќе кажат дека сум дебел, но јас го познавам своето тело. Изгледам големео, имам големи гради, а би можел да кажам дека имам слично тело како тоа на Руни“, вели Шо.

Англискиот репрезентативец вели дека и покрај јавните критики, Мурињо неодамна му дал поддршка.

„Кога ми испрати порака Мурињо, на мене ми олесна. Не очекував да разогаварме и тоа беше позитивно. Ми даде голема самодоверба за наредната сезона“, објаснува Англичанецот.