Официјално: Головин потпиша договор со Монако! (ВИДЕО)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Александер Головин од ЦСКА Москва ќе се пресели во Монако, а соработката со рускиот фудбалер и францускиот гигант е потврдена денеска.

Младиот Головин во моментов е најталентираниот руски фудбалер, а на Мундијалот постигна еден гол и тоа од слободен удар во првиот меч против Саудиска Арабија.

Головин долго време беше желба на Челси, но на крајот се пресели во Монако, со кој ќе потпише петгодишен договор.

Русинот во ЦСКА игра од 2012. година, а настапи на 81 натпревари, додека за руската репрезентација 22-годишниот Головин играше 23 натпревари и постигна три гола.