Вистински комичар: Бејл плашеше посетители на музеј (ВИДЕО)

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, беше првиот гостин во новата хумористична серија „Тренинг дејс“ на британскиот комичар Џек Вајтхол.

Задачата на репрезентативецот на Велс беше да стои покрај восочни фигури и да глуми дека и тој е восочна фигура.

Бејл изгледаше навистина како восочна фигура и никој не можеше да го препознае, па успеа некои посетители да ги исплати, а други да ги воодушеви.