Залудно го чекаа Сергеј, што се случува?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Србинот денес не се појави во Рим, доаѓањето е одложено. Она што на почетокот на летото изгледаше незамисливо, сега е повеќе од реална можност.

Сергеј Милинковиќ Савиќ не се појави денес како што се очекуваше. Доаѓањето е одложено за еден ден, утре би требало да ги помине прегледите, а ако не се случи нешто сензационално, ќе патува со тимот на завршниот дел од припремите во Германија.

Ништо ново, понуда нема, работата стигна со 120 милиони, колку што бара Лотито.

Имено, Јунајтед и Реал имаат други планови, реални варијанти беа Челси и Јуве, за првите Србинот е прескап, а Јувентус немаат намера да го продадат Пјаниќ и едноставно немаат пари.

Што ќе биде исходот?

Во Италија кажуваат дека сеуште ништо не е готово, без обзир што Лотито го постави почетокот на новиот месец како краен рок, но ако многумина веруваа дека Милинковиќ Савиќ сигурно ќе замине, сега тоа е помалку извесно.