Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот фудбал, барем кога се работи на клупски план се наоѓа во големи проблеми. Два тима веќе престанаа да постојат поради банкрот, а сега се најавува дека уште еден тим, кој одреден период беше во центарот на фудбалската јавност би можел да згасне во следниот период.
Најпрво прволигашот Тосно поради банкрот мораше да згасне, а истото му се случи и на тимот на Амкар Перм. Сега пред иста судбина е и популарниот клуб од Махачкала, Анжи поради тоа што ги изгуби главните спонзори и е должен на вработените во клубот и играчите.
Дагестанската влада одбива да им даде помош, а тоа веројатно би требало да значи гаснење за клубот во кој во еден момент продефилираа светски ѕвезди како Ето, Роберто Карлос, Вилијан, Јури Жирков, Ласана Диара, Кристофер Самба….
„Долгот е голем и расте секој ден. Многу играчи немаат примено плата долго време. Им се заблагодаруваме на трпението, но вака нема да можеме уште долго“-истакна спортскиот директор на клубот, Олег Флегонтов.