Ковачиќ ќе пристигне во Челси, но поради тоа ќе мора да заминат тројца играчи!?

Челси има премногу играчи во средината на теренот, но новиот тренер Маурицио Сари сака уште едно засилување, а се очекува Матео Ковачиќ да пристигне во Лондон.

„Марка“ пишува дека Челси така би добил играч каков што сака тренерот, а Реал нема трајно да го загуби фудбалерот бидејќи ќе замине на позајмица.

Конкуренцијата во средината на теренот е преголема, па ќе мора некои играчи најверојатно да заминат од екипата.

Иако Сари го сака Рос Баркли и му даде шанса на претходните натпревари, сепак тој и Цеск Фабрегас ќе се борат за место во првиот тим.

Исто така, „сините“ најверојатно ќе мора да позајмат или продадат двајца од следните тројца играчи – Дени Дринквотер, Рубен Лофтус-Чик и Бакајоко.