Ентони си најде нов клуб со кој ќе ја нападне титулата во НБА!

Американските медиуми пишуваат дека поранешниот трет пик на драфтот, Кармело Ентони, се договорил со Хјустон рокетс.

Ентони, наводно, постигнал вербален договор со Хјустон и наскоро треба да потпише официјална соработка со екипата.

Ентони многу години настапуваше за Денвер, а потоа играше и за Њујорк, па во Оклахома поради желбата да се бори за титулата, но по една година заврши во Атланта.

На крајот, Кармело ќе се обиде со Хјустон да стигне до титулата, а дали ќе му успее тоа, ќе видиме во новата сезона.