Навивачите на Арсенал може да го засакаат Венгер

Францускиот стручнак Арсен Венгер очигледно науми нешто во ова лето од Арсенал повторно да направи респектабилен тим.

Имено, после што доведе неколку добри квалитетни играчи, Венгер почна да размислува и за засилување во нападот.

Иако во минатите недели се зборуваше за тоа дека редовите на Арсенал може да го засили Мауро Икарди, изгледа дека сепак е извесна опцијата за неговиот дрес да го облече некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајред Хавиер Ернандез.

Имено, популарниот Чичарито во минатата сезона играше одлично во дресот на Баер од Леверкузен и сега се наоѓа на мета на многу клубови, сметајќи и на Арсенал.

Колку Топџиите ќе понудат пари на екипата од Бундеслигата, останува да видиме.