Манчестер Јунајтед без половина тим против Лестер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се соочува со огромни проблеми пред стартот на новата сезона во Премиер Лигата.

„Ѓаволите“ мака мачат да донесат уште едно или две засилувања до крајот на преодниот рок, а имаат огромни проблеми и со повредените играчи.

Мурињо потврди дека против Лестер ќе недостасуваат дури шест играчи поради повреда, а најави и дека фудбалерите кои биле до самиот крај на Светското првенство веројатно нема да почнат од првата минута.

„Ромеро е повреден, имаше операција по неговата повреда пред Светското првенство. Валенсија беше повреден на подготовките, Рохо беше повреден на Светското првенство. Далот имаше операција во април додека  уште беше во Порто, и се уште не е подготвен. Ерера се повреди против Баерн Минхен, Матиќ се повреди на Светското првенство и имаше операција во Филаделфија пред две недели. Тоа е тоа“- коментираше Мурињо.

Од првата минута против Лестер не се очекуваат ниту играчите кои беа до самиот финиш на Светското првенство, Пол Погба, Ромелу Лукаку, Маруан Фелаини, Џеси Лингард, Фил Џонс, Маркус Рашфрод и Ешли Јанг.