Фулам се засилува од Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Иако Жозе Мурињо не донесе ниту еден одбранбен фудбалер овој период, од Манчестер Јунајтед се одлучија да го пратат на позајмица младиот Тимоти Фосу Менса кој колку толку можеше да покрива на стоперската позиција која е најслаба засега во Манчестер.

Холандскиот репрезентативец е блиску до комплетирање на позајмица во редовите на Фулам и истата се очекува да биде потврдена во следните моменти.

На „Кревин Котиџ“ исто така се очекува напаѓачот на Атлетико Мадрид Лусиано Вието кој исто така ќе пристигне како позајмен фудбалер.