Ремонт во Аргентина за пријателските натпревари – ќе ги видиме Икарди и Мартинез!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Репрезентацијата на Аргентина доживеа дебакл на Светското првенство во Русија, а неколку дена по Мундијалот, Хорхе Сампаоли доби отказ.

Од Аргентина се очекуваше многу на Мундијалот во Русија, но ги разочараа своите навивачи со лоши игри, па дома се вратија по осминафиналето. Сампаоли се најде на голем удар на јавноста во Аргентина, но одбиваше да поднесе оставка, па доби отказ.

Раководството на селекцијата уше не реши кој ќе биде нов селектор, а привремено на тоа место ќе биде Лионел Скалони, кој е предводник на младата репрезентација на „гаучосите“. Тој најверојатно ќе го води тимот наредниот месец на пријателските натпревари против Гватемала и Колумбија.

Во аргентинските медиуми се шпекулира дека Скалони и неговиот помошник Пабло Ајмар реши да направи неколку големи промени во екипата. Наводно, на списокот со играчи ќе се најдат Мауро Икарди и Лаутаро Мартинез, кои немаа место кај Сампаоли.

Исто така, медиумите пишуваат дека во стартниот состав во пријателските натпревар ќе играат Пауло Дибала, Џовани Ло Целсо и голманот Франко Армани.