Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Реал Мадрид уште чекаат на големо засилување на „Сантјаго бернабеу“, откако од клубот замина Кристијано Роналдо.
„Кралскиот клуб“ по девет сезони остана без Роналдо, кој беше најдобар играч на тимот и навивачите очекуваат големо засилување и играч кој ќе го замени Португалецот.
Во последно време најмногу се шпекулира дека Реал го сака Еден Азар, но проблем им прави Челси кој не сака да го пушти најдобриот играч.
Иако изгледаше дека нема да има ништо од трансферот, сепак од Челси пристигнуваат информации дека повторно ситуацијата е комплицирана.
Англиските медиуми пишуваат дека срцата на навивачите на Челси треперат затоа што претседателот Флорентино Перез подготвил богата понуда за Белгиецот.
„Мирор“ пишува дека на адресата на Челси денеска би требало да стигне нова понуда за Азар од неверојатни 224 милиони евра, а тоа е речиси за 100 милион евра повеќе во однос на претходната понуда.
Доколку „сините“ ја прифатат понудата, Азар ќе стане најскапиот играч на сите времиња и ќе го урне рекордот на Нејмар, кој ПСЖ го плати 222 милиони евра.